
01
Тошо Филиповски
Визионер на иницијативата и програмски координаторМузички историчар, истражувач, автор, издавач, архивист, куратор
Тошо Филиповски со децении ја истражува, документира и собира историјата на македонската музика. Неговата работа опфаќа музички изданија, фотографии, плакати, флаери, билети и други материјални траги од музичката култура. Автор е на „Македонска рок енциклопедија 1963–2018“ и „Македонска дискографија – винили 1958–2019“, а во 2021 година ја доби државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за достигнувања во публицистиката. Во МК Музичка архива тој ја води културната, архивската и истражувачката насока: кои приказни и извори се значајни, како историскиот контекст треба да се зачува и како проектот може одговорно да му служи на македонското музичко наследство.
[email protected]